Поздравни видео обраќања од штитениците при Дневниот центар за лица со посебни потреби

Македонска Каменица, 03.12.2020 година – Дневниот центар за лица со посебни потреби по повод 03. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост на официјалниот фејзбук налог објави кратки поздравни пораки од дел од штитениците до своите блиски и до сите граѓани на Македонска Каменица.

Во краткиот текст со водео објавата стои:

Драги пријатели на Дневниот центар за лица со посебни потреби од М.Каменица. Минатата година на овој ден имавме еден прекрасен настан кој долго ќе го паметиме.
Оваа година се е поразлично, па и одбележувањето на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. По тој повод дел од корисниците од нашиот Дневен центар преку видеа ќе споделат со вас препораки како да се заштитиме од Корона вирусот.
Со надеж дека наскоро се ќе биде во ред, ви порачуваме ЧУВАЈТЕ СЕ И ОСТАНЕТЕ ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ!

Погледнете ги сите позравни видеа од штитениците:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *