Поддршка од срце за понатамошно лекување на Душко Митев од село Цера

Душко Митев од село Цера упатува Молба за финансиска помош, која ќе му овозможи понатамошно лекување. Молбата ви ја пренесуваме во целост:

Почитувани граѓани на Македонска Каменица,
Почитувани граѓани на Република Македонија,
Почитувани хумани луѓе ширум светот,
Јас, Душко Митев од Македонска Каменица роден на 26.05.1983 година со место на живеење на адреса с.Цера, Македонска Каменица, Ви се обраќам да ја побарам од вас помошта која ми е потребна. Имено се работи за следново :
Пред неколку месеци ми е дијагностицирана дијагнозата – атеросклероза на артерии на екстремитетите при што беше направена операцијата AMPUTATIO PEDIS SEC SCHOPART.BIL во болницата Аџибадем Систина во Скопје. Се работи за многу сериозна болест која јас сакам да ја победам целосно и заради истата морам да одам често на контроли и да продолжам со лекувањето кое чини многу средства, средства кои јас сам не сум во можност да ги обезбедам. Оваа молба до Вас почитувани хумани луѓе е да ми ја дадете Вашата поддршка и помош за мое постоперативно лекување со Ваши индивидуални донации преку Фонд за Донации кој ќе биде направен за оваа потреба од мојата најблиска фамилија. Вашата поддршка нека биде преку донирање преку Фонд за Донации на Фејсбук кој ќе биде отворен со моја дозвола и на моја молба од мојата најблиска фамилија.
Во мое име и во име на мојата фамилија однапред сум ви благодарен на сите што ќе донирате преку фондот за донации на фејсбук за мое постоперативно лекување.
Молител,
Душко Митев, Македонска Каменица

 

За донација на финансиски средства следете ги упатствста на следниов линк:

https://www.facebook.com/donate/2142035542610529/?fundraiser_source=messages

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *