Подвиг на македонски возач во Италија: Пред да почине од срцев удар ја запрел цистерната, спречил голема трагедија на автопат

Возач на цистерна кој почина зад воланот од срцев удар на автопатот Авелино – Салерно во јужниот регион Кампанија направи херојски подвиг, пишуваат италијанските медиуми.

Станува збор за 50-годишен Македонец кој добил срцеви болки додека ја возел цистерната под притисок. Бил свесен кога ги добил првите болки во градите, ја намалил брзината и го повлекол тешкото возило на одморалиштето кај свртувањето за Сарино.

– Потоа колабрирал врз воланот и починал. Екстремниот маневар овозможил тој да избегне драматична несреќа на автопатот. Полициските службеници и итната помош интервенирале на местото. Му немало спас на 50-годишниот возач, објави Ил Матино на 9-ти овој месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *