Повик до верниците од регионот за заедничка молитва во манастирот Св. Архангел Михаил во Аџиско маало, село Саса

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СВЕШТЕНСТВОТО ПРИ СВЕТИОТ ХРАМ “СВ. УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА” ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

В недела, на 12. Мај 2024 година, во манастирот Св. Архангел Михаил во Аџиско маало, село Саса ќе биде чествувана Томина недела литургија на св.Јован Златоуст. Како што известуваат од свештенството, со чинот ќе чиночалствува Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско – каменички г.Марко, во сослужение со свештенството од епископијата!

– Со голема радост ги покануваме сите верници од општина Македонска Каменица и поширокиот регион, на заедничка молитва во Воскреснатиот Господ Исус Христос, а по завршувањето на Светата Литургија во дворот на манастирот ке биде поделен ручек за здравје на сите верници!

– Чест и задоволство ќе ни биде да бидете присутни на заедничката соборна молитва со сите жители од Македонска Каменица, жителите од село Саса и верниците од регионот. Воедно, со вашето присуство ќе бидете дел на одбележувањето на годишнината од осветувањето на манастирот Св. Архангел Михаил.

Христос Воскресе
Навистина Воскресе!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *