Повелете на “Бабина Баница 2023” – Најголемиот настан во годината на “Еленец” во село Цера, Македонска Каменица

Манастирско – туристичкиот комплекс “Еленец” во село Цера, Македонска Каменица ќе биде домаќин на уште едно издание на традиционалната манифестација “Бабина Баница”.

Најмасовната манифестација на подрачјето на општина Македонска Каменица и регионот ќе се одржи на 11 Јуни 2023 година, со почеток од 10:30 часот.

Традиционално, покрај натпреварите во приготвување на специјалитетот Бабина баница, настанот превидува културно забавна програма со локален бенд. Годинава се одржува јубилејното 10 издание на Бабина Баница.

Манифестацијата е во организација на Здружение на пензионери од Македонска Каменица во соработка со Општина Македонска Каменица. Реализацијата на истиот е поддржана од КИЦ “Романса” Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *