ПЛЕЈ ОФ – ПОЛУФИНАЛЕ: ЖКК Баскет Кам стартува против ЖКК Вардар за одбрана на титулата Шампион на Македонија

Македонска Каменица, 30.04.2022 година – Денеска со почеток од 14:00 часот, во спортската сала во Македонска Каменица, шампионот на Македонија екипата на Баскет Кам го пречекува скопски Вардар. Станува збор за прв полуфинален натпревар помеѓу овие долгогодишни ривали и гиганти во македонската женска кошарка. Друга полуфинална двојка се екипите на Бадел и Крива Паланка.

Денешниот натпревар е своевидна реприза и на полуфиналето во националниот Куп каде пред некој месец се сретнаа истите ривали. Тогаш победи Баскет Кам, а како ќе биде во оваа серија која се игра според принципот „подобар во три натпревари“ следува да видиме.

Екипите на Баскет Кам и Вардар денеска се среќаваат и во машка конкуренција. Со почеток од 18:00 часот, на истиот терен во Македонска Каменица се игра вториот полуфинален натпревар од разигрувањата за влез во Првата македонска кошаркарска лига. Победник на првиот натпревар во Скопје беше екипата на Вардар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *