Пишува Нова Македонија: Стејт департментот со критики за Бугарија за дискриминација на етничките Македонци

Фото: Архива на Нова Македонија

Бугарските власти продолжуваат да го спречуваат регистрирањето на здруженијата на етничките Македонци, како што се ОМО Илинден, Друштвото на угнетени Македонци, жртви на комунистички терор, Граѓанско здружение за заштита на фундаменталните индивидуални човекови права и Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, наспроти 14-те претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права во врска со нарушувањето на слободите на здруженијата, се вели во извештајот на Стејт департментот за човековите права во Бугарија за 2021 година.

Во еден пример, на 31 мај, Апелациониот суд во Софија ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација од ноември 2020 година, со која се спречува регистрацијата на Друштвото на угнетени Македонци, жртви на комунистички терор, врз основа на тврдењето оти здружението ќе се залага за политичка агенда што се заканува на единството и безбедноста на нацијата, односно што би ги нарушила правата на преостанатото население во државата кое не се идентификува како македонско.

ОМО Илинден, пак, го посочи случајот во Благоевград, во кој попишувачите им кажале на граѓаните што ги посетиле дека поимот „Македонец“ не е достапна опција за етничка идентификација.

Целиот текст на Нова Македонија ОВДЕ

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/stejt-department-bugarija-i-natamu-sprechuva-registracija-na-zdruzhenijata-na-makedoncite/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *