„Панорама“ од Делчево прераснува во препознатлив угостителски бренд

Моментално, под брендот „Панорама“ работат два угостителски објекта – „Пица Панорама“ која се наоѓа во централното градско подрачје во Делчево и Мотел-ресторан „Парк Панорама“, објект кој е на патот Делчево-Македонска Каменица, на месноста наречена Кај Лестаро. Определбата во двата угостителски објекти е да се работи со прифатливи цени, квалитетна храна и добра услуга. „Пица Панорама“ во текот на целата година работи со редовно работно време, додека „Парк Панорама“ во моментов работи од 10.00-18.00 часот, а веќе од март ќе започне со полно работно време. Во рамки на Мотел-ресторан „Парк Панорама“ има и соби за сместување, кои се идеални за опуштен престој и релаксација.

И „Пица Панорама“ и „Парк Панорама“ се идеални места за секаков вид прослави.

За повеќе информации може да се придружите на официјалната страна

https://www.facebook.com/Motel-Restoran-PARK-Panorama-870143529782908/

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *