Очите на Каменица вперени во утрешниот натпревар на ЖФК Каменица САСА од Лига на шампиони

 

Македонска Каменица, 03.11.2020 година – Утре, со почеток од 14 часот екипата на ЖФК Каменица Саса ги започнува групните натпревари во Лига на шампионите. Првиот натпревар каменичките девојки го играат против 15-кратниот шампион на Бугарија, екипата на НСА Софија.

“Атмосферата во тимот е одлична. Во изминатиот период интензивно се подготвувавме за овој историски натпревар. Покрај тренинзите на терен, преку видео анализа на домашната екипа, ги темелно ги простудиравме силните и слаби страни на противникот, – изјави тренерот на македонскиот претставник во Лига на шампионите, Зоран Златковски. Во својата изјава, тренерот на македонскиот претставник на најмладата екипа во најсилното женско европско фудбалско натпреварување додаде дека  мотивацијата и амбициите за успех и добар пласман се на највисоко ниво.

Фактот што за првпат една македонска екипа успева после победа во првото коло да игра во групната фаза од Лигата на шампионите е дополнителен мотив за сите во тимот. Полни сме со огромна желба за надигрување и победа. Се надевам дека ќе го искористиме моментот и потенцијалот на екипата ќе дојде до полн израз и сјај во европскиот кубски фудбал.

“Можеби екипата на ЖФК Каменица САСА е најмладата екипа во Лига на шампиони оваа година, но квалитетот, енергијата и амбициите се на наша страна”, – рече Златковски додавајќи дека “Наша цел е пласман во следната фаза од натпреварувањето. Се надевам дека упорноста и професионалноста во работата на сите членови во клубот ќе ни дадат доволно самодоверба  и храброст, утрешниот натпревар да го одиграме за значајна и историска победа”.

Ние им посакуваме успех во утрешниот натпревар. Во име на верната каменичка публика упатуваме силна поддршка и надеж дека утре заедно ќе се радуваме на првата победа на македонска екипа во Лигата на шампионите.

Се надеваме дека @kamenica.mk ќе успее во обидот да обезбеди видео пренос од натпреварот, кој ќе биде проследен на сите наши фејсбук налози.

Следете нѐ и навивајте за македонските претставици во Лига на шампионите – девојките од ЖФК Каменица САСА, Македонска Каменица!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *