Очекувано! Пратениците не ја донираа својата прва плата, а дури 49 поранешни пратеници побарале едногодишна апанажа од државата

Сиромашните пари од пратениците нема да видат. Наместо да ја донираат, новоизбраните платата си ја ставија во џеб, а 49 нивни бивши колеги од државата побараа апанажа, односно уште една година ќе живеат на грбот на граѓаните.

Никој од 120-те пратеници не покажа хуман аспект, иако веќе еден месец ниту еден ден не биле на работа. Неработењето, ќе им се плати по најмалку 60.000 денари плус трошоци за придонеси.

Професијата пратеник е една од најплатените во државата. На нив, основната плата им е 60.000 денари, 30.000 им се плаќаат за придонеси.  Секое учество на комисија им се плаќа дополнително, па некои доаѓаат и до плус  20.- 30.000 денари.

На ова, треба да се додадат и парите за гориво. Со сегашните цени, тоа се 20 денари по километар.

Најмногу пари, по овој основ, во регионот земаат пратениците од Берово и Делчево, кои минуваат по 170 километри во правец. Со сегашните цени на горивото, тоа се 3.400 денари во еден, односно 6.800 во двата правца, дневно. Месечно, со само 20 работни денови, тоа се 136.000 денари.

Вкупно, за еден партеник месечно, државата дава и по  256.000 денари. Од нив, околу 226.000 денари се за пратениците, а 30.000 за Фондот за здравствено и ПИОМ.

За една година, со плата, комисии, дневници и гориво, еден пратеник заработуваат и по 2,7 милиони денари, а ако искараат цел мандат, тоа за нив се над 10 милиони денари.

  • За мене тоа е брука, брука за институцијата. Многу се тоа пари, изјавија дел од накетираните граѓани.

Еден пратенички мандат е доволен за комоција до крајот на животот, но и покрај ова, нашите пратеници не смогнаа сили да донираат барем една пратеничка плата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *