Од утре, бесплатен јавен превоз во Македонска Каменица

 


ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – Новата социјална програма која ја креираше општина Македонска Каменица започнува да функционира од утре (петок, 10.02.2017 година). Имено, Општината воведе бесплатен јавен превоз за пензионери и за лица од социјално ранливи категории и за таа цел беа набавени две нови комби возила. Утврдениот возен ред и постојките се објавени и се поставени на повеќе видни локации во централното градско подрачје и во руралните средини. 

Според досегашните пријави за користење на услугата, општина Македонска Каменица ќе обезбеди бесплатен јавен превоз за повеќе од 500 жители, а во насока на надминување на социјалните разлики меѓу населението, веќе се најавуваат нови социјални мерки, активности и програми.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *