Останува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во недела наутро ќе се вратат назад

Во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 и почнува зимското сметање

25 Октомври, 2022

Стрелките на часовникот ќе се вратат назад, затоа што останува зимското сметање на времето.

Викендов стрелите на часовникот ќе се вратат еден час назад, односно во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 часот, што значи дека останува зимското сметање на времето.

Од Владата информираат дека анализите подготвени од Министерството за економија покажале дека треба да остане доглогодишниот системот за промена на времето. Се споменуваше дека е можно да останеме со летното сметање на времето, но тоа не се случи. Со промената на времето се добива повеќе дневна светлина во утрата, но и порано стемнување попладне. Летното сметање на времето за првпат е воведено во Германија во 1916 година, со цел работниот ден да се одвива што подолго додека е ден. Требало да се заштеди на струја, а другите држави го следеле примерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *