Општина Македонска Каменица ја започнува исплатата на финансиската поддршка за првачиња и средношколци запишани во прва година

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица објави Соопштение за јавност дека од понеделник 19. Декември 2022 година, започнува исплата на средствата за финансиска поддршка за првачиња и средношколци запишани во прва година.

– Ве известуваме дека од понеделник (19.12.2022) ќе започне исплатата на финансиската поддршка за сите првачиња запишани во ООУ “Св.Кирил и Методиј” и за средношколците запишани во прва година во СОУ “Миле Јаневски Џингар”, – изјавува Димчо Атанасовски, градоначалник на општина Македонска Каменица

Исплатата на паричните средства ќе се реализира во текот на целата наредна недела.

Во понеделник, како што најавува градоначалникот Атанасовски, ќе биде објавен и Јавен повик за финансиска поддршка на еднородителски семејства и деца без родители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *