Општина Македонска Каменица: ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ

Бесплатен превоз за пензионерите и лицата со потешка економска сосотојба кои живеат во руралните населени места ќе користат бесплатен превоз до Македонска Каменица еднаш неделно. Според Правилникот за правото и начинот на користење на бесплатен превоз донесен од страна на Советот на општина Македонска Каменица, заведен под број 08-1905/1 од 10.10.2016 година, општина Македонска Каменица распиша јавен повик за користење на бесплатен превоз за жителите од селските средини со кој се повикуваат жители на селата: Моштица, Саса-1 и Саса-2, Луковица, Косевица, Костин Дол, Цера-1 и Цера-2, Дулица и Тодоровци, дека согласно Правилникот за правото и начинот на користење на бесплатен превоз може да го користат следните категории на граѓани:
• Пензионери
• Лица корисници на социјална парична помош
• Лица корисници на постојана парична помош
• Хендикепирани лица
Заинтересираните лица треба да ги достават следните документи:
• Барање
• Фотокопија од лична карта
• Чек од последната исплатена пензија
• Решение за користење на социјална или постојана парична помош
• Соодветна медицинска документација
Потребната документација треба да ја доставите најдоцна до 20.01.2017 година кај лицето Дејан Постоловски – сообраќен инжинер вработен во општина Македонска Каменица (контакт телефон 070/552-691)
Користењето на бесплатниот јавен превоз ќе започне од 03.02.2017 година и ќе се врши еден ден во неделата ден петок. Локацијата, времето на поаѓање и на враќање за секое населено место ќе бидат дополнително утврдени во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со ова општина Македонска Каменица претставува единствена општина во Републиката која после Градот Скопје овозможува бесплатен превоз за пензионери еднаш неделно.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *