Црквата против “Коледарските огнови”. Годинава традиционално ќе ги има насекаде, но не и во црковните дворови

И годинава на истокот од државава ќе се палат илјадници огнови кои ќе го најават раѓањето Христово. Коледарските огнови масовно ќе горат во Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, Кочани, Берово, Виница…

Според црквата палењето оган ја презема суштината на празникот, па таа е во мисија верниците да ги врати на вистинскиот пат. Така годинава “коледарски оган” за првпат нема да гори во црквните дворови.

Пекарниците имаат зголемени побарувања за подготвување на традиционалните коледарски колачиња, симболите на цикличност на животот, други христијански симболи како и на сонцето.

И сево ова е само вовед во еден од најголемите христијански празници Божик, денот на раѓањето на Исус Христос Спасителот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *