

За богатата културно уметничка програма и дружење со нашинците во овој дел од Италија, беа задолжени КУД ,,Вера Јоциќ” од Македонска Каменица со афирмираниот музички состав “Модерато” и познатата естрадна уметничка од Македонија, Елена Велевска. Тие одржаа одлични настапи, проследени со силно воодушевување и заедничка веселба со бројната публика. – Сакам да ја поздравам перфектната организација на навистина богатата културно уметничката програма, како и срдечниот прием од нашите иселеници. Се надевам дека успеавме преку дружба и веселба да допринесеме во дополнителна промоција на македонскиот фолклор и традиција помеѓу нашите иселеници и граѓаните на Пиемонте, Италија“ – дополни градоначалникот Атанасовски
Градоначалниците Лаура Грациела Бруна и Димчо Атанасовски, присуствуваа на потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу македонско здружение „Заедно – Инсиеме“, чиј претседател е Златко Мичлевски и Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица преставено од претседателот Миран Митревски.
Минатата година, во организација на членовите на друштвото „Инсиеме“ Рикалдоне и МПЦО „Св. Архангел Михаил“ во Неиве, Општина Македонска Каменица се збратими со италијанските општини Рикалдоне, Касине и Аличе Бел Коне.