Општина Македонска Каменица распиша Конкурс за доделување на стипендии во основното и средното образование за учебната 2023/24 година

Македонска Каменица, 18. Октомври 2023 година – Како што стои во објавата на официјалниот сајт на Општина Македонска Каменица, врз основа на членот 50, став 1, точка 16 од Законот за локална самоуправа, градоначалникот на општина Македонска Каменица распишува Јавен Конкурс за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица за учебната/студиска 2023/2024год.

Сите одредби и услови за учество на Конкурсот ви ги пренесуваме во целост:

 

КОНКУРС

за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица за учебната/студиска 2023/2024год.

Општина Македонска Каменица за учебната, односно студиската 2023/2024 година ќе додели 20 стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица од кои:

  • 6 (шест) стипендии на редовни ученици од основно образование;
  • 8 (осум) стипендии на редовни ученици во државните средни училишта и;
  • 6 (шест) стипендии на редовни студенти запишани на државните универзитети.

Стипендиите се во износ од 3.000,00 денари (триилјади денари) и се доделуваат за период од 10 (десет) месеци во текот на една учебна односно студиска година.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ HA СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат ученици и студенти кои се:

  • Жители на општина Македонска Каменица (од градот Македонска Каменица и населените места кои припаѓаат на општина Македонска Каменица);
  • He се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании;
  • Учениците во основно образование можат да се пријавуваат започнувајќи од осмо одделение;
  • Учениците во средно образование може да се пријават започнувајќи од втора учебна година;
  • Студентите може да се пријавуваат започнувајќи од втора студиска година.

 

II. НАЧИН И РОК HA ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребни документи :

Ha конкурсот се поднесува пријава кон која се приложуваат следните документи:

За ученици;
  • Потврда за започната учебна година за ученици;
  • Копија од свидетелство за заршено седмо или осмо одделение основно образование за учениците во основните училишта;
  • Копија од свидетелство за завршена прва, втора или трета година средно образование за учениците во државните средни училишта;
 За студенти;
  • Потврда за редовно запишан зимски семестар за соодветна студиска година;
  • Уверение co број на предвидени и положени испити во претходните години во кое ќе биде наведено дека кандидатот ги има положено 100% испитите од претходните години;

Учениците и студентите треба да ги достават и следните докумети:

  • Копија од лична карта за лицата или копија од извод од матична книга на родени;
  • Копија од уверение за државјанство;
  • изјава за согласност за користење на лични податоци
  • Изјава за семејната положба заверена од месната самоуправа;
  • Уверение за приходи од земјоделска или друга дејност на ученикот/студентот и на членовите на неговото семејство;
  • Потврда за висината на платите на членовите на семејството на ученикот / студентот;
  • За членовите на семејството на ученикот / студентот кои се пензионери – чек од пензија за последниот месец;
  • За невработените членови од семејството на ученикот / студентот – потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок.

 

III. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ HA СТИПЕНДИЈА:

  • Остварен просечен успех во текот на студирањето од најмалку 8.00( осум) за студентите односно остварен просечен успех од 5.00 (пет) во текот на последната учебна година.

По овој основ може да се добијат најмногу 70 бода.

  • Талентираност на студентот – ученикот доколку има освоено прва, втора или трета награда во групна или поединечна конкуренција на меѓународен или државен натпревар.

По овој основ може да се добијат најмногу 20 бода.

  • Материјалните можности на студентот – ученикот и неговото семејство (студенти односно ученици кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, од семејства кои остваруваат ниски месечни примања или пак се социјални случаи)

По овој основ може да се добијат 10 бода.

Пријавувањето започнува од 25.10.2023 година и ќе трае 15 работни денови (до 14.11.2023 година до 15:30 часот)
Потребни формулари за аплицирање за ученички и студентски стипендии

Пријавите co потребните документи се поднесуваат во затворен плик во Архивата на општина Македонска Каменица или по пошта на адреса:

Општина Македонска Каменица, Ул.”Каменичка” бр.2, Македонска Каменица

Некомплетните или ненавремено поднесени пријави нама да бидат предмет на разгледување!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *