Како што известуваат од Општина Македонска Каменица, со вклучена крупна механизација на Јавното претпријатие “Камена Река” се вршат работни активности за расчистување на просторот околу старата црква Свети Илија.
– Активностите опфаќаат чистење на просторот и отстранување на стар и дотраен објект околку старата градска црква Свети Илија, со цел обезбедување на услови за изградба на објект за потребите на Каменичко – делчевската епархија, – изјави градоначалникот Димчо Атанасовски