Општина Македонска Каменица најавува сериозни инвестиции во Индустриската зона

После долги години, од Општина Македонска Каменица најавуваат сериозни инвестиции во Индустриската зона.

Ќе асфалтираме три крака кои водат до веќе изградените објекти. Ќе започнеме со уредување на десетина парцели во општинска сопственост и веќе од средината на оваа година, истите ќе бидат подготвени за продажба, – изјавува градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски

Целта на општината, како што стои во соопштението за јавност, е привлекување на нови инвеститори од областа на лесната и незагадувачка индустрија, како и поттикнување на дополнителен економски развој на градот.

Паралелно, заедно со Рудник Саса и PrimePoint Partners Macedonia and Montenegro работиме на долгорочен проект за одржлив развој на Македонска Каменица, кој опфаќа сериозна поддршка за постоечките и новите бизниси. Потоа, поддршка во земјоделието и туризмот, како и изградба на нов општински центар за услуги кој ќе биде посредник меѓу сите овие фактори и кој ќе биде двигател на новата економска иднина на нашата општина, – дополнува Атанасовски во својата изјава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *