Општина Македонска Каменица набави нова опрема за потребите на ТППЕ

ГИ ПОДОБРУВАМЕ УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА НА ТППЕ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Општина Македонска Каменица, преку официјалниот налог на социјалните мрежи објави соопштение за јавност во кое се вели “дека започна реализацијата на даденото ветување за подобрување на условите за работа во сите локални институции и претпријатија”. Дека цврсто чекорат по тој пат, од општината дополнуваат “дека за потребите на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица е набавена нова неопходна опрема за гаснење на пожари во урбани и шумски средини”.

Новата опрема се состои од: професионални ПП црева, грбни батериски прскалки, стабилни спојки, редуцир спојки, млазница без вентил, млазница со вентил, турбо млазница, грбни пумпи, хидрантски продолжеток со клуч,, хидрантски клуч за црева, полнење и сервис на ПП апарати, рачни светилки, светилки со ластик за глава и моторна пила.

Инвестициите во модернизацијата на ТППЕ, како што изјавува градоначалникот Димчо Атанасовски, ќе продолжат и во иднина, а веќе работиме на подобрување на условите и во ЈОУДГ Бамби, во ЈП Камена Река, вл ООУ “Св.Кирил и Методиј”, во СОУ “Миле Јаневски Џингар” и во КИЦ “Романса”.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=171956878549489&id=100072055344868

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *