Општината Македонска каменица продолжува со изградба на објекти за потребите на месните заедници

Општина Македонска Каменица обезбедува директна поддршка за работата на месните заедници во руралните средини преку изградбата на објекти за потребите на заедниците.

За таа цел, како што истакна градоначалникот Димчо Атанасовски, се градат повеќе нови објекти, кои ќе бидат во функција на месните заедници во неколку селски и приградски средини во Македонска Каменица. Објектот во село Дулица е целосно изграден, продолжуваме со изградба на останатите објекти.

– Со изградбата на овој проект, ние како локална самоуправа придонесуваме за подобрување на условите за живеење во село Дулица. Општина Македонска Каменица ќе продолжи со изградба на вакви проекти и во иднина, – рече Атанасовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *