Општината инвестира во подобрување на условите во училиштата во Македонска Каменица

Во текот на литниот распуст, со спроведување на повеќе активности, локалната самоуправа инвестира во подобрување на условите за работа во основното и средното училиште во Македонска Каменица.

„Во текот на летниот период, интензивно спроведуваме градежни работи за целосна реконструкција на веќе дотраениот водоводен и канализационен систем во основното училиште. Исто така, инсталираме нов противпожарен хидратантен систем, неопходен за обезбедување на подобри услови за безбедност и заштита, на учениците и наставниот кадар, при нивниот престој и работа во установата“ – вели во изјавата градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Паралелно со овие активности, како што тој додава, во каменичкиот средношколски училишен центар „Миле Јаневски Џингар“ во тек се градежни работи за целосна реконструкција на тоалетите, како дел од активностите со кои локалната самоуправа ќе продолжи да работи на побрување на условите за поздрава и хигиенски чиста средина во училиштето.

 

Како што известуваат од Општината, градежните работи со однапред утврдена динамика се одвиваат за време на летниот период, со цел непречено изведување на истите и намалување на можноста за отежнување на образовниот процес, односно непречено вршење на редовната настава во училиштата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *