Македонска Каменица, 14. Октомври 2022 година – Учениците и наставниците при ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица, го одбележаа ,,Светскиот ден на пешачењето “.
“Беа спроведени повеќе активности како пешачење низ градот, делење на флаери со пораки преку кои се истакнува значењето на пешачењето за здравјето на децата и луѓето. Како и придобивките и позитивниот ефект од пешачењето” – велат од училиштето

Целта на оваа активност, како што стои во соопштението за јавност, е да се развие свеста кај децата, возрасните и населението од нашиот град да пешачат и да се движат почесто за да го зачуваат нивното здравје.
“Сакаме да истакнеме дека движењето е корисно за спречување на многу болести, одржување и подобрување на кондицијата, зајакнување на имунолошкиот систем , произведува енергија, ја стимулира креативноста и уште многу други придобивки” – истакнуваат од каменичката деветолетка од каде изразија голема благодарност за сите што зедоа учество за реализирање на оваа активност.
Линк до објавата до училиштето: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0hXzpWxFPU9dDaujVzcPVLwe7kXsMiu6XMicBcuDE15XA8sSuNAG5QHJjSd3trwdJl&id=100057537847067&sfnsn=mo