ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ги додели свидетелствата на матурантите. Софија Ситновска прогласена за првенец на генерацијата

Македонска Каменица, 19. Јуни 2023 година – ООУ „Св. Кирил и Методиј“ објави дека денеска се доделени свидетелствата на матурантите во училиштето во учебната 2022/23 година.
– На учениците им посакуваме да бидат горди на себе. Горди на своите дела, како што ние се гордеевме на нивните успеси. Поминавме заедно девет години во школските клупи. Заедно ги доживувавме сите ваши радости, таги, успеси и неуспеси, – истакнуваат во соопштението од училиштето
Од училиштето информираат дека, Софија Ситновска е ученичката која годинава се стекна со епитетот Првенец на генерацијата во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица. Таа со примерното поведение, одличниот успех и многубројните освоени награди од општинските, регионалните и државните натпревари по повеќето предмети од наставата, е пример за ученик кој го покажува патот по кој треба да чекорат и идните генерации ученици!
Секоја генерација е посебна, секоја генерација има свое обележје, секоја генерација е дел од нас. Честитки и не забораваjте, светот e ваш, – стои во упатената честитка до матурантите од училиштето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *