Од утре (06.07.2021) започнува со работа Градскиот базен во Македонска Каменица

Започнува со работа Градскиот базен во Македонска Каменица

Во завршна фаза се подготовките за отворање на градскиот базен во Македонска Каменица за претстојната летна сезона. Влатко Андоновски, директор на Јавното претпријатие „Камена Река”, кое стопанисува со базенот, соопшти дека годинава за посетителите се воведуваат новини со кои дополнително ќе се подобри престојот на пливачите и посетителите на градскиот базен.

– Во рамки на можностите на претпријатието, оваа година покрај останатите дополнителни елементи, повторно ќе поставивме мал детски базен, кој ќе биде наменет за најмалите посетители. Детскиот базен е изработен од висококвалитетен материјал, со комплет филтри за пречистување и одржување на водата. Поседува и цераден дел за покривање, со што ќе се намали атмосферското влијание врз водата, во период кога не се користи, вели Андоновски.

Додава дека минатата година поради строгите протоколи за заштита од Ковид19, градскиот базен остана затворен за посетителите. Сепак, од претпријатието се надеваат дека градскиот базен ќе биде привлечна дестинација за одмор, спорт и релаксација за граѓаните од општина Македонска Каменица и посетителите од регионот.

Отворањето на летната сезона на градскиот безен во Македонска Каменица е предвидено за во вторник, 06 јуни 2021.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *