Од утре поскап бензин, дизелот поевтинува – Регулаторна го објави новиот ценовник

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за
0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2021 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1),
се намалуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2021
година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит, додека
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,242 денар/килограм, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 42,135 ден/кг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *