Одржана традиционалната меѓугранична средба на врвот Руен

Македонска Каменица, 03.07.2022 година – Денеска, со почеток од 11:00 часот, на врвот Руен (2252 м) на Осоговските Планини, се одржа традиционалната меѓугранична средба во организација на: Туристичко друштво Осогово од Ќустендил, Планинарско спортско друштво Руен од Крива Паланка и Еколошко друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица.

Како што велат од ЕД Здравец од Македонска Каменица, бројот на учесници и посетители на средбата е намален поради воведените мерки и забрани за движење во шумски и планински простори и голем дел на граѓани од двете држави не можеа да присуствуваат на традиционалната средба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *