ОДЛОЖЕНА Е МАНИФЕСТАЦИЈАТА „КАМЕНИЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2022“. МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ПРОГЛАСИ ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ ПОРАДИ ТРАГИЧНИОТ НАСТАН

Поради трагичниот настан, во кој денеска, прерано животот го загуби наш сограѓанин, општина Македонска Каменица ги откажа сите концертни настани од манифестацијата Каменичко Културно Лето 2022.

Соопштението за јавност, објавено предмалку од градоначалникот на општина Македонска Каменица, ви го пренесуваме во целост:

Почитувани сограѓани

Дозволете во свое лично име и во име на општина Македонска Каменица да изразам искрено и длабоко сочувство до семејството Стојковски кои денес загубија дете, брат, внуче.  Денес целиот град сочувствува со нивната болка и загуба за прерано згаснатиот живот.

Со оглед на огроманат загуба за целиот град, Ве известувам дека манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“ која беше закажана за период од 26ти до 28ми Август, се откажува во целост, и општина Македонска Каменица прогласува тридневна жалост.

Димчо Атанасовски
Градоначалник на општина Македонска Каменица  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *