Одлични резултати на младите шахисти од ШК Каменица Саса на младинското шаховско првенство на Македонија

Уште еден успех на младите шахисти од Шаховскиот Клуб Каменица Саса

Шаховскиот клуб Каменица Саса од Македонска Каменица забележа одличен успех во натпреварите од младинското шаховско првенство на Македонија кое во периодот од 17 до 23.06.2023 година, се одржа во Струга

– Учествувавме со четири млади шахисти, Иван Атанасовски, Димитар Атанасовски, Андреј Јангеловски и Александар Ивановски, и сите тие освоија солидни бодови и пласмани во своите категории. Инаку на шаховското младинско првенство на Македонија, учествуваа над 150 деца од повеќе од 20 шаховски клубови во Македонија, – истакнуваат од Шаховскиот клуб од Македонска Каменица

Голема благодарност, од клубот упатуваат до Рудник Саса и до Општина Македонска Каменица за досегашната поддршка на клубот, со што шахот во Македонска Каменица се развива на високо ниво. Исто така, од клубот упатуваат благодарност и до Шаховската федерација на Македонија, за прекрасната организација на првенството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *