Македонска Каменица, 08.11.2021 година – Зад нас е викенд со многу кошаркарски натпревари одиграни од екипите на Баскет Кам – Македонска Каменица.
Премиерниот натпревар во ВАБА лигата одигран пред домашната каменичка публика, заврши со пораз. Баскет Кам девојките беа поразени со минимални 6 кошеви разлика, односно 59:65. Искусниот противник Орлови од Бања Лука, Босна и Херцеговина успеа во текот на целиот натпревар да го контролира минималното водство. Баскет Кам девојките во неколку наврати имаа шанси за пресврт на резултаот, одлично одиграа во нападот и одбраната. Како што ветија пред натпреварот, на каменичани им приредија возбудлив натпревар и покажаа достоен отпор против фаворитот на натпреварот.
Во рамки на Втората машка кошаркарска лига на Македонија, Баскет Кам славеше со високи 63:88 на гостувањето во Битола против екипата на Хераклеја.
Значаен успех постигна машката младинска екипа (М-16) во натпреварот против силниот младински состав на Вардар. Младите момчиња на Баскет Кам славеа со 79:58.
Сите три натпревари беа одиграни со огромна дисциплина во нападот и одбраната. Со конкретни решенија во напрадот преку разиграни акции, со агресивност во одбраната, надополнета со пожртвуваност и тимска игра на секоја педа од теренот.