Одличен резултат на шахистите од ШК “Каменица Саса” – Македонска Каменица

Одличен резултат на шахистите од ШК “Каменица Саса” – Македонска Каменица

На првиот официјален квалификациски екипен турнир во организација на Шаховска федерација на Македонија, во конкуренција на 15 екипи, ШК Каменица Саса го освои 6 место.

– На овој квалификационен турнир за влез во Втората шаховска лига на Македонија, шахистите од Македонска Каменица освоија ист број на бодови како и 4 – то пласираната екипа на 7 – ми Ноември од Гевгелија, – велат од ШК Каменица Саса

Турнирот се одржа во хотелот Континентал во Скопје во периодот од 27 Мај, до 4 – ти Јуни 2023 година.

– ШК Каменица Саса учествуваше со 12 пријавени играчи, каде според пропозициите се одиграа 6 кола. Со 3 извојувани победи, 1 нерешен натпревар и 2 тесни порази, – додаваат од клубот

Во наредниот период шахистите од Македонска Каменица ги очекуваат и други официјални настапи на младински и сениорски државни првенства и турнири.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *