Одговорете го Анкетниот прашалник на ЕкоМозаик за управувањето со отпад, со акцент на пластиката во општина Македонска Каменица

 

Тимот на ЕкоМозаик во соработка со општина Македонска Каменица продолжува да го реализира тековниот проект „CirculaMare“, кој има за цел да помогне во намалување на отпадот од пластика која се одлага на несоодветен начин со кој се врши негативно влијание врз животната средина.
Преку проектот се планира развивање на иновативни решенија за управување со пластиката (различни видови на пластика) која за жал завршува во нашите реки и езера.
Една од активностите во проектот е спроведување на анкета на граѓаните во Општина Македонска Каменица, со цел добивање на податоци за управување со отпадот особено пластиката во општината.
Проектот се спроведува во 10 земји од Медитеранскиот регион, а во Македонија се спроведува во општините Македонска Каменица и Штип.

Ве молиме да го пополните со цел добивање подетални податоци за управувањето со отпадот во Вашата општина, – стои во информацијата добиена од ЕкоМозаик

Кон Анкетниот прашаник можете да пристапите овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *