Одбележана 52 годишнината од раѓањето на херојот Миле Јаневски Џингар

Одбележана 52 годишнината од раѓањето
на херојот Миле Јаневски Џингар

 

Македонска Каменица, 24. Јули 2023 година – Денеска, по повод 52 години од раѓањето на херојот Миле Јаневски Џингар, во Македонска Каменица се одржа Меморијална тура во природа, каде учество земаа велосипедисти и љубители на мотоспортот од нашиот град.
Меморијалната тура со должина од скоро 12 километри, започна во 18:00 часот, од местото на раѓање на Миле Јаневски Џингар во село Костин Дол (маало Ума) и заврши пред неговиот споменик во Паркот на борците во Македонска Каменица.
Меморијалната тура во природа е во организација на семејството, пријателите и почитувачите на ликот и делото на Миле Јаневски Џингар. Реализацијата на настанот беше помогната од општествено одговорната компанија од Македонска Каменица, „Анабела 2018“.
„Миле Јаневски е роден во село Костин Дол, Македонска Каменица на 24.07.1971 година. Син во скромното семејство на мајката Душка, таткото Бранко и братот Орце. Миле беше сопруг на Оливера и татко на синот единец, Бојан.
Како водник во БСН Волци, во служба на безбедносните сили во одбрана на територијалниот интегритет на земјата, загинува кај Вејце, Тетовско, на 28 април 2001 година.
Миле Јаневски – Џингар посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија“.
ЦЕЛОСНАТА ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАСТАНОТ ОВДЕ
Пишува: Горан Бразда / MediaPoint

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *