Огромен број на земјоделци од Пијанец и Малешевијата со целосно уништен род. Катастрофа предизвикана од пролетните ниски температури

 

Овоштарите од Пијанец и Малеш ги бројат штетите од пролетните мразеви и ги пријавуваат до ПЕ на Минситерството за земјоделство. На два дена пред истектот на рокот за поднесување барање за пријавување штети, во Делчево се поднесени 520 барања, а во Берово 200:

  • Имаме огромни штети, измрзнувањето е и до 100 %, велат овдешни земјоделци.

Паралелно со поднесување на барањето до ПЕ, комисии излегуваат на терен за да ја евидентираат состојбата со штетата.

  • Формирани се четири комисии и веднаш со пријавувањето тие излегуваат на терен, кажа Драган Христов, ПЕ на МЗШВ Делчево.

Штетите од пролетните мразеви с е најголеми кај насадите со сливи.

  • Најголеми штети од 80-100% има јас сливите, оревите, кајсиите, кај вишниет од 30 до 40%, а кај лешниците нема, појасни Христов.

Овоштарите,поучени од минатогодишното искуство, кога  до општините од крајниот исток пријавуваа штети од ланските пролетни мразеви, а не добија ниту денар обештетување, денеска се резервирани во однос на очекувањата дека некој ќе ги обештети.

  • Лани имав 168 илјади штета, според нивите проценки, а не ми исплатија ништо. Којзнае како ќе биде оваа година, вели овоштар од Делчевско.

Во Делчево се очекува до 10 мај, до кога истекува и рокот за поднесување барања, 700 овоштари од Делчево и М. Каменица да пријават штети, потоа заедно со записниците од терен ќе се достават до ресорното Минситерството.

Дали и кога ќе има обештетување не се знае. Инаку, обештетување нема ниту од поплавите пред две години, кога само во Делчево, беа уништени 40 хектари овошни насади.
Извор: Телевизија Стар

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *