Објавен распоредот на Богослужбите и претстојните случувања за чествување на Богојавление – Водици во Македонска Каменица

Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица го објави распоредот на Богослужбите и претстојните случувања при честувавањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици. Истиот ви го пренесуваме во целост:
Богојавление Водици 2024 г.
Распоред на Богослужбите
1.На 18.01.2024 година – четврток Водокрст; строг пост на вода ; Со почеток од 07:00 часот утрена , часови со литургија на св.Василиј Велики; Голем Богојавленски водосвет во храмот .
2. На 19.01.2024 година – петок; Богојавление – Водици; утрена 07:00 часот и света литургија од 08:00часот ; По завршувањето на службата Лицитација на Икони , и Лицитација на Чесниот Крст ; Голем Богојавленски водосвет од 11:00 до 11:30 и полагање на светиот Крст во водите на каменичка река ќе го изврши надлежниот Архиереј Епископот г.Марко .
3. На 20.01.2024 година – сабота ; Собор на св.Јован Крстител; утрена 07:00 часот и света литургија во 08:00 часот .
4.На 21.01.2024 година -Недела 33та по педесетница (по богојавление) утрена 07:00 и света Литургија 08:00 часот .
5. Сите кој ке скокаат по Чесниот Крст да се пријават во храмот св.Успение на Пресвета Богородица во Македонска и задолжително да донесат медицинска потврда.
Богојавление (Водици) кога падне во Среда и Петок не се пости!
Од управата на храмот св.Успение на Пресвета Богородица во Македонска!

Leave a Reply

Your email address will not be published.