Општина Македонска Каменица го објави Прашалникот за прибирање на предлози за креирање на Буџетот за 2023 година
– Во насока на креирање на најдобар можен Буџет на Општина Македонска Каменица за 2023 година, а со цел утврдување на реалните приоритети и надминување на вистинските проблеми на граѓаните, потребно е сите заеднички да се активираме и да ги избереме најдобрите проекти кои ќе се реализираат во текот на наредната година, стои во објавата од градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски
Од Општината појаснуваат дека, Прашалникот се состои од неколку кратки прашања и можност за доставување на Ваши предлози, а Вашата партиципација во креирањето на новиот Буџет е од огромно значење.
Општина Македонска Каменица однапред Ви се заблагодарува за Вашето учество.
Линк до прашалникот: