Облекувајте се топло – следува период со многу пониски температури

31.Х.2017 Каменица (kamenica.mk)

Поларниот воздушен бран кој веќе е спуштен и владее во источна и во североисточна Европа како што веќе и самите вие осеќате се осеќа и кај нас но со послаб интензитет но сепак температурите на воздухот оваа вечер се навистина зимски и уште сега во Беровско се мерат дури -3°C а таа и понатаму ќе продолжи да паѓа.

Особено студено (зимско) ќе биде во текот на утрешното утро како и во среда наутро кога температурите на воздухот на МНОГУ места низ државава ќе се спуштат под нулата и истите наутро ќе се дват во интервалот од -5 до 4 степени додека во најстудените градови и места истите е можно да се спуштат дури и под -5 степени. Токму ова е особено поради намалувањето на облачноста и разведрувањето.

Што е најважно ветерот ќе ја намалува својата брзина и утре особено Долж Повардарието ќе биде повремено со засилен интанзитет. Стабилно и суво време ќе имаме наредните денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *