Ново поскапување на цигарите во Македонија

Oд два до четири денари поскапуваат цигарите и разни други тутунски производи поради измените на законот за акцизите донесен во октомври годинава. Законот предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во просечна малопродажна цена со онаа пропишана во директивата на ЕУ.

Дополнително, во Предлог законот се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на алкохолот. Оваа измена произлегува од директива од 29 јули 2020 година за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалаци.

Имено, од 1-ви јануари 2024-та година заклучно со 1-ви јануари 2030-та година износот на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,23 денари по парче на 1-ви јануари секоја година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *