Нови 3 засилувања во ФК Каменица Саса – на голманската позиција доаѓа Иван Николоски, младинскиот репрезентативен голман на Македонија

ФК Каменица Саса покрај интензивните подготовки пред почетокот на пролетниот дел од првенството, продолжува со ангажман на нови засилувања на тимот.
ФК Каменица Саса денеска објави три нови засилувања во своите редови. Станува збор за Беким Алиев, Александар Смилков и младинскиот репрезетативен голман на Македонија до 21 година, Иван Николовски.

Талентираниот млад македонски репрезентативен голман, Иван Николоски има 20 години. Како големо засилување во Каменица Саса, доаѓа од прилепска Победа. Претходно има настапувано за прволигашките состави на Беласица, Воска, Силекс, Работнички, Дрита и Влазними. Роден е во Прилеп.

И 20 годишниот Александар Смилков е ново фудбалско име во редовите ФК Каменица Саса. Како полушпиц играч, Смилков доаѓа од редовите Детонит Плачковица. Како младинец има настапувано за екипите на Брегалница и Акадамија Пандев.
Бурим Алиев, треба да ја засили играта во одбрана на штоперската позиција во тимот на Каменица Саса. Доаѓа од швајарското првенство, каде настапуваше за екипата на Приштина Берн.
Роден е во Скопје, има 23 години. Досега има настапувано за Слога од Виница и за Тиквеш Кавадарци.
Во досегашниот дел од подготовките, Каменица Саса одигра два пријателски натпревари, а третиот, го игра во недела, на домашен терен против скопски Вардар.
Екипата на Каменица Саса есенскиот дел го заврши на последната позиција на табелата од второлигашкото првенство на Македонија. Со ангажманот на неколку искусни и повеќе млади фудбалери атмосферата во клубот се менува на подобро. ФК Каменица Саса креира тим со кој опстанокот во Втората фудбалска лига на Македонија е повеќе од достижен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *