Нови контејнери за подобро управување со отпадот во Македонска Каменица

Поставени нови контејнери во градската средина на Македонска Каменица.

Како што стои во Соопштението за јавност објавено на официјалната фејсбук страна на ЈП Камена Река “Екипите на Јавното претпријатие задолжени за јавна чистота и комунална хигиена работеа на поставување на нови контејнери за отпад. Поставени се 20 нови контејнери за отпад со капацитет од 1,1 м3 на повеќе фреквентни локации во централното градско подрачје на Македонска Каменица”.

 

Станува збор за акција, која опфаќа обнова и поставување на нови контејнери, во склоп на предвидениот проект за поставување на нова урбана опрема во Македонска Каменица и населените места во Општината.

Во рамки на објавата, од ЈП Камена Река, упатуват апел до граѓаните, “да покажат поголема еко-свест и грижа за правилно одржување на контејнерите. Отпадот правилно да се депонира и истиот да не се расфрла на просторот околу контејнерите и кантите”.

Акцијата за замена на старите и дотраени, со нови контејнери ќе продолжи да се реализира според потребите на утврдените приоритетни позиции во градот и приградските населби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *