Нови клупи и столчиња за учениците во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица

ООУ ” Св. Кирил и Методиј “ од Македонска Каменица објави дека пристигнаа новите стандардизирани клупи и столчиња за потребите на учениците.
– Пристигнаа новите клупи и столчиња во живописни бои, кои пред се ги набавивме за дополнителна мотивираност на учениците, зголемена проактивност при воспитно-образовниот процес и подобрена удобност при престојот во училиштето, – истакнуваат од училиштето
– Почетокот на образовниот процес има огромно значење за секој ученик, особено развивањето на емпатијата и љубовта кон просторот каде го воспирема знаењето. Затоа ваквите активности и во иднина мора да бидат наш приоритет во работењето. Ние како институција ќе продолжиме посветено да работиме, со цел да бидеме пример за успешно делување и развој помеѓу воспитно-образовните институции на регионално и национално ниво, – изјави директорот на училиштето Виктор Георгиевски
Тој додаде дека од набавените 85 училишни клупи, 55 се поголеми и се наменети за повозрасните ученици во одделенска настава, а останатите триесет ќе ги користат помалите ученици. Набавени се и 170 столчиња.110 поголеми и 60 столчиња наменети за помалите ученици. Со оваа набавка ќе бидат опремени 10 училиници за одделенска настава. Средствата во висина од приближно 499 000 денари се обезбедени од Буџетот на училиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *