Нова и убава иницијатива на младите од село Истибања: Организираат натпревари за деца преку кои ќе обезбедат средства за уредување на споменикот во селото

Младите од село Истибања имаат нова и убава иницијатива. Собираат средства за спроведување на активностите за “Заградување на споменикот во нашето село”, односно споменикот од Втората светска војна кој се наоѓа на среде село во Истибања.

 

За таа цел, младите од село Истибања, одлучија да приредат детски активности т.е. детски натпревари, со многу игри за деца.

Доста инвентивно и позитивно. Преку забава на дечињата, до реализација на уште еден проект за разубавување на Истибања. Претходно младите од селото, преку сопствени иницијативи учествуваа во Новогодишното украсување и хортикултурно уредување на просторот “Под Брестот”.

Во продложение од текстот, прочитајте ги деталите и сите потребни информации за пријавување и учество на планираните активности во село Истибања, за 17. Март, недела.

Придружете ни се за нашето детско натпреварување каде ќе имаме креативни игри, спортски предизвици и многу забавни изненадувања! Доведете ги вашите мали спортисти и креативци за еден ден полн со насмевки, пријателство и победи! Приклучете се и создадете незаборавни моменти за вашите деца!

Правилата на игрите ќе Ви бидат објаснети на денот на настанот!
Имаме 8 игри и на крајот од секоја игра ќе биде изберен по 1 победник.
На крајот од настанот победниците ќе добијат награда!
Едно дете може да биде пријавено на повеќе игри!

Таксата за пријавувањето на секое дете е покриена од страна на наш соселанин Бобан Илијев!

Пријавувањето е задолжително и трае до 15. Март 2024 година, до 15 часот
Датум на одржување: 17.03.2024 Недела
Место на одржување: Училишен двор на ОУ “Гоце Делчев” село Истибања
Почеток: 13:00

Настанот е дел од проектот “Направи разлика” спроведен преку Фондацијата за развој на локалната заедница Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *