Никола Јефтимовски ученик при СОУ “Миле Јаневски Џингар” се пласираше на државен натпревар по англиски јазик

На 08.04.2023 година, во сабота се одржа регионален натпревар по англиски јазик. На натпреварот кој се одржа во Кочани, од каменичкото средно училиште “Миле Јаневски Џингар”, учествуваше Никола Јефтимовски, ученик од II б клас, под менторство на проф. Емилија Ристовска.

Ученикот освои второ место, со што се пласираше на Државен натпревар, кој ќе се одржи во месец мај во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *