Никола Василев влезе во шампионскиот проект на Баскет Кам

Еден од најуспешните, а во исто време најперспективни македонски стручњаци Никола Василев ќе биде дел од Баскет Кам претстојната сезона.

Довчерашниот тренер на литванскиот прволигаш Џукија ќе работи како стручен советник во двете екипи од Македонска Каменица со акцент на женскиот колектив кој има шампионски амбиции, како во домашната кошарка, така и во ВАБА лигата. Василев има долгогодишно искуство во странство, како ретко кој македонски стручњак и сето тоа ќе се обиде да го пренесе во Баскет Кам.

Негов последен ангажман беше македонската репрезентација до 18 години со која летово настапи на Челинџерот во Скопје. И претходно водеше домашни селекции, како онаа до 20 години во 2018.

Со новите странски и домашни засилувања, бугарскиот тренер Александар Алексиев и Никола Василев како стручен советник, Баскет Кам полека фаќа европски терк и потврдува дека резултатите од минатата сезона не биле случајност, туку почеток на еден долгогодишен проект кој допрва треба да донесе блескави резултати успеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *