Нестор-гол не запира. Погоди и против Кротоне.

Илија Несторoвски го постигна својот деветти гол за Палермо. Во 27 минута од натpреварот Палермо – Кротоне во рамките на 23. коло на Серија А, Емболо додаде до прилепчанецот, а овој во манир на голем стрелец ја пласира топката во мрежата на новиот прволигаш за 1-0. 

Само една минута по водечкиот гол Несторовски имаше зицер за 2-0, но среќата не го посака да погоди за комотно водство на сицилијанците. На овој натпревар во формација 4-3-3- покрај Илија Несторовски, од првата минута игра и Александар Трајковски. Ако победи тимот на Диего Лопез, конечно ќе го прекине малерот и ќе ја забележи првата победа на домашен  терен оваа сезона.

извор: http://www.gol.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *