Погодокот по цепелинот на Лазаров и Манасков е прогласен за најубав гол на Мундијалот во Франција


Измина една седмица откако се спушти завесата на 25-то издание на Светското првенство во ракомет за мажи, каде Франција доминантно дојде до шестата мундијалска титулата. Започна од групата А, на патот до златото ги помина Исланд, Шведска, Словенија и Норвешка, па токму затоа најголемиот дел од погодоците кои го одбележаа овој турнир ги вклучуваат француските ракометари. 

Меѓу плејадата ракометни ѕвезди кои го одбележаа ова првенство на највисокото прво место се најде капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, кој со погодокот од цепелин на натпреварот против Шпанија ја понесе титулата најубав гол на светскиот шампионат. Македонскиот десен бек го заврши натпреварувањето и како најдобар стрелец на овој мундијал со вкупно 50 голови.

Дури три од најдобрите 10 голови се дело на француските репрезентативци, додека финалистот Норвешка се издвои со два погодока. Сепак според ИХФ на Македонија и припадна титулата најдобар гол на првенството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *