Неправилни приклучувања и недостаток на банкини ја прават небезбедна делницата од експресниот пат кај Тркање

Делницата од експресниот пат Кочани – Штип што неодамна беше пуштена за сообраќај претставува вистинска опасност за учесниците во сообраќајот, особено на потегот од некогашната Подлошка крстосница до надвозникот кај селото Тркање.

Учесници во сообраќајот што секојдневно ја користат делницата реагираат дека на посочениот потег има неколку места каде има недозволени вклучувања, а на одреден дел недостастува дел од банкина каде камиони и автомобили се приклучуваат од стариот на новиот експресен пат.

– Експресниот пат на потегот од некогашната Подлошка крстосница до надвозникот кај Тркање е небезбеден. Особено е врши недозволено вклучување кај „Амфенол “ и бензинската пумпа  во близина на Тркање каде автомобили го „сечат“ патот и преку две полни линии се вклучуваат во правец накај Кочани. Над надвозникот кај Тркање недостастуваат банкини од левата и десна страна. Таму автомобили се приклучуваат од стариот на новиот пат, а камиони кои извршуваат градежни работи преминуваат од едната на друга страна на патот. На тој потег очигледно се довршуваат некои градежни работи, но нема поставено соодветна сообраќајна сигнализација туку ограничувањето на брзината и покрај градежните работи е 110 км/ч, нема знаци за работа на пат и намалување на брзината на движење, реагираат граѓани до интернет – порталот „Гласно“.

Поради небезбедното вклучување на автомобли кај компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ и бензинската пумпа кај Тркање веќе се гради заобиколен пат откај месноста Маџирски ниви што треба да се приклучи во Индустрискиот дел кај складот на „Макпетрол“.

Поради небезбедната делница само неколку месеци од пуштање во употреба на експресниот пат се случија неколку сообраќајни несреќи токму на посочениот потег кои за среќа поминаа само со материјална штета и лесни повреди на учесниците.

Пишува за Гласно.Мк: И. Матеничарски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *