Непоразениот ЖКК Баскет Кам е лидер на табелата во есенскиот дел од Првата женска кошаркарска лига

Осмото коло го означи и крајот на натпреварите во календарската 2022 година. Лидерот на табелата е од Македонска Каменица

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет Кам 2011 ќе „презими“ на првото место

Со максимални осум победи, во исто толку одиграни натпревари, кошаркарките на Баскет Кам 2011 ќе презимат на првото место во Првата лига-жени.

Девојките од Македонска Каменица успеаја да го задржат стонастотниот ефект во овој прв дел од првенството откако на домашен терен беа подобри од искусниот состав на Гризли Баскет (65:56).

Два бода со кои избраничките на тренерот Златко Гоцевски ја задржаа предноста во однос на првиот конкурент за првото место – екипата на Вардар.

„Вардарки“ победија во Струга (76:63), но наидоа на голем отпор кои им го дадоа стружанки кои на овој натпревар во салата „Нико Нестор“ влегоа доста ослабени со неиграњето на повредените Шејкероска, Зендели, Модева и Муртезани.

Јелена Антиќ реализираше 18.поени, Деловска и Петковска по 16, а Зафировска уште 13.поени за екипата од Скопје, додека на другата страна Софи Ли дојде до 27.реализации, а Стојаноска дополни со уште 15.

А многу важен триумф реализира екипата на МЗТ Скопје Аеродром, на гостински терен во Крива Паланка (76:72), со кои девојките од Аеродром го задржаа третото место на табелата, пред Бадел 1862 кој во ова коло немаше проблеми во дуелот со кавадаречки Пробаскет (73:41).

Следува пауза во ова натпреварување, а наредното 9. коло, ќе се одигра на 21.јануари, во наредната 2023 година.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром     72:76

Бадел 1862 – Пробаскет 73:41

Струга 2009 – Вардар      63:76

Баскет Кам 2011 – Гризли Баскет       65:56

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 16, Вардар 15, МЗТ Скопје Аеродром 13, Бадел 1862 12, Струга 2009 11, Крива Паланка 11, Гризли Баскет 10, Пробаскет 8;

ИДНО КОЛО (21.01.2023)

Бадел 1862 – Крива Паланка

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

Пробаскет – Баскет Кам 2011

Гризли Баскет – Струга 2009

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО

Спорт Тим – Шкупи         37:98

24.12: Јан Бор – Куманово 2020

24.12: Пелистер – Пониква 2022

25.12: Риниа – Патриот 2016   20:106

Гостивар 2009       слободен

ТАБЕЛА: Шкупи 17, Патриот 2016 15, Гостивар 2009 14, Јан Бор 14, Пелистер 12, Пониква 2022 10, ЖКК Куманово 2020 10, Риниа 9, Спорт тим 9;

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *