Некои од митовите поврзани со нашето здравје во кои напразно веруваме

Сме слушнале дека шеќерот нè прави зависни, дека треба да внесуваме повеќе витамини за да бидеме здрави, дека алкохолот ги убива мозочните клетки…

Но, повеќето од овие општо познати работи не се факти, туку само непотврдени митови.

Мит број 1: Витамините нè прават здрави

Многу луѓе сметаат дека ако земаат поголеми количини на витамини како суплементи ќе бидат поздрави, но истите треба да се пијат внимателно, бидејќи големите количини на витамини можат да направат повеќе штета, отколку да помогнат.

11-raboti-za-nasheto-telo-koi-se-samo-mitovi-1.jpg

Мит број 2: Крвта без кислород е сина

Крвта без кислород која тече низ вените не е сина како што се прикажува во книгите туку, темно црвена. Вените изгледаат како да се сини само заради рефлексијата на светлина.

11-raboti-za-nasheto-telo-koi-se-samo-mitovi-2.jpg

Мит број 3: Кафеавиот шеќер е поздрав за организмот од белиот

Дали е кафеав или бел шеќерот не прави разлика. Она што се верува дека го прави кафеавиот шеќер поздрав е фактот дека содржи повеќе вода и не е премногу благ, но сепак, го има истиот ефект на организмот.

11-raboti-za-nasheto-telo-koi-se-samo-mitovi-3.jpg

Мит број 4: Алкохолот ги убива клетките во мозокот

Големите количини на алкохол влијаат на метаболичките процеси во телото, вклучувајќи и недостаток на кислород кој ги оштетува врзувањата меѓу мозочните клетки, но самите клетки воопшто не ги допира.

11-raboti-za-nasheto-telo-koi-se-samo-mitovi-4.jpg

Мит број 5: Децата стануваат хиперактивни од шеќер

Шеќерот не ги прави децата хиперактивни. Шеќерот има калории кои ни даваат енергија, па децата кои јадат многу благо мораат да ја потрошат таа енергија. Сепак, треба да имате на ум, дека благото ги оштетува забите.

11-raboti-za-nasheto-telo-koi-se-samo-mitovi-5.jpg

Мит број 6: Нервните клетки не се регенерираат

Смртта на клетките е природен и перманентен процес, но тоа не значи дека ако клетките се оштетени. Во одредени региони на мозокот истите се надградуваат со нови клетки.

11-raboti-za-nasheto-telo-koi-se-samo-mitovi-6.jpg

Мит број 7: Левата хемисфера е за логика, а десната за креативност

Ова е точно само за одредени функции, најголемиот дел функции се рамномерно распределени на двете хемисфери.

11-raboti-za-nasheto-telo-koi-se-samo-mitovi-7.jpg

Мит број 8: Морате да спиете 8 часа на ден

Некои луѓе имаат потреба од повеќе сон, а други од помалку. Но, и ако претерувате со спиење тоа може да биде штетно за вашето здравје.

11-raboti-za-nasheto-telo-koi-se-samo-mitovi-8.jpg

Мит број 9: Антибиотиците ги убиваат вирусите

Антибиотиците ги убиваат бактериите, но нема да ви помогнат и при лечење на грип.

11-raboti-za-nasheto-telo-koi-se-samo-mitovi-9.jpg

Мит број 10: Црните точки на лицето се појавуваат заради чоколадо

Научниците направиле експеримент – на една група дале да јадат чоколадо кое содржи 10 пати повеќе како и не наше некаква промена, односно кај нив не се појавувале повеќе црни точки.

11-raboti-za-nasheto-telo-koi-se-samo-mitovi-10.jpg

Мит број 11: Шеќерот нè прави зависни

Истражувањето направено на глувци се покажало како точно, кога неколку дена по ред јаделе шеќер, после тоа едноставно не можеле да живеат без благо и барале остатоци по кафезите. Но, шеќерот го нема истиот ефект и кај луѓето.

11-raboti-za-nasheto-telo-koi-se-samo-mitovi-11.jpg

Н. Г. | Црнобело

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *