Некое време еден цар се сторил тебдил и зел неколцина од мезличот со себе, та тргнале да шетаат по градови и села за да видат кој што прави и кој што вели за царот. |
Шетајќи, им дошол патот да врват покрај некој старец што си ја орал нивата, и се вратиле кај стариот да видат како ора и да го прашаат нешто. „А бре старче, што се мачиш на старост да ораш? му рекол царот; зар немаш челад што да ти поможат, за ти на стари дни да си починеш?” „Челадта моја, пријателе, му одговорил стариот на царот, им помага на светот, а пак јас што работам на стари дни, касмет сум на друзи, чунки двапати досега арамиите ме плениле и уште еднаш се токмат да ме пленат. Ете од тоа, пријателе, на старост орам и работам.” „Ами со двете како си: скраја али близу?”. „Многу близу сум со двете, пријателе,” му рекол стариот. „Ами со триесетте и два како си?” „He чинам пари со нив, му одговорил стариот, чунки без дваесет и осум триесет и два имам.” „Ами двата коња, ти што ги имаш, те ризаат барем троа за товарот да ти го носат?” му рекол царот. „Колку за коњите, пријателе, не прашај, чунки двата три ги направив и одвај ми го носат товарот,” му одговорил стариот. „Ами да ти пратам неколку гуски, бре старче, му рекол царот, дали би могол да ги искубеш арно?” „Колку за гуски кубење, пријателе му одговорил стариот, многу сум мајстор, само ако ми паднат в раце.”Откога го сврши царот разговорот со стариот, си го повел по себе мезличот и си ошол на сараи. Фатил да им прикажува царот многу работи што видоа и сретија по патот. Отвори збор царот со тие што беа со него и ги праша дали разбраа од тој разговор што разговараа со стариот.Старците му ги повториле сите зборови што беше ги рекол орачот, арно ама царот нејќел да му ги кажуваат зборовите како што се рекле помеѓу стариот и царот, ами да му ги толкуваат, што било реч по реч. „Слушајте вамо, вие старци, им рекол; Кога ги чуја старците тие зборови од царот, му се поклонија и си отидоа дома, та седнаа да мислат кој збор каков е. Мислија, шестаа, нито за еден збор не можеа да го расправат. Најпосле се согласија да одат кај стариот, да го молат за да им каже. Си зеле пари доста со себе и му пошле кај стариот на нива да го прашаат. „А бре старче, вчера кога дојдовме со еден другар, наш пријател, при тебе, што те прашаше тој и што му одговараше ти? Те молиме ако не ни кажеш, оти имаме еден голем облог со другарот,” му рекле. Кога го чуја старците тој збор од стариот, многу мака им паднало. „Слушајте сега да ви кажам, пријатели, што ме праша вчера” вашиот другар. Двапати арамиите ме пленија и уште еднаш се токмат да ме пленат, што му реков, тоа е што две ќерки омажив и многу стока по нив дадов и за другата ќерка, што ја имам, има да давам и многу пари по неа. Што ме праша за двете, али скраја сум али близу, тој ме праша за очите али ми гледаат скраја. Ее, за гуските што ми рече да ми ги прати, за да ги оскубам, тоа е вие, што ќе ми ги давате парите. Откога се научија старците за зборовите, си тргнаа да ои одат. „Јазак да ни биде,” му рекол едниот на другиот, што сме мезлич покрај царот и да не знаеме колку еден селски човек итрост.” |